ЗАРЕМ СЕ СОМНЕВАТЕ ВО МОИТЕ ПОВРЕДИ? Ѓоковиќ ја врати топката кај Австралиецот Минор
Тоа им го оставам на нив... На оние луѓе кои се сомневаат нека продолжат да се сомневаат. Интересно е што се сомневаат само за моите повреди, а кога ќе се повредат некои други играчи, тогаш тоа ги погодува и потоа тие се жртви, а јас сум играч кој се преправа, изјави Ѓоковиќ пред новинарите.
Тенискиот ас Новак Ѓоковиќ реши да ги расчисти пред новинарите дилемите околу тоа дали неговата повреда на ногата е вистинска, јавува Мондо. Откако неговиот противник Алекс де Минор кој го изгуби мечот од асот го обвини дека „прилично добро се движел“, Ѓоковиќ изјави:
– Тоа им го оставам на нив… На оние луѓе кои се сомневаат нека продолжат да се сомневаат. Интересно е што се сомневаат само за моите повреди, а кога ќе се повредат некои други играчи, тогаш тоа ги погодува и потоа тие се жртви, а јас сум играч кој се преправа. Многу е интересно ова. Ќе го оставам недоречено, но знаете за кого се работи – изјави Ѓоковиќ без влакна на јазикот и продолжи со истиот тон во разговорот со српските новинари.
Немам чувство дека треба да го докажам тоа на никого. Имам снимки од оваа и од пред две години. Ултразвукот е тука да го докаже тоа. Не знам дали ќе ги објавам во документарен филм или на социјалните мрежи – можеби нема. Сè зависи од тоа како се чувствувам, а сега не ми е гајле што мислат луѓето. Смешно е како продолжува наративот околу мене, кој е различен од другите играчи, а ние поминуваме низ слични ситуации. Навикнат сум да се соочувам со тоа и уште повеќе ме мотивира. Им благодарам затоа што ме мотивираат… – рече Ѓоковиќ според кого ова бил најдобриот меч кој го одиграл во 2023 година.
Тој додаде и дека „минатите две години паднаа многу маски“ .
Претходно, Алекс Минор обвини дека Ѓоковиќ ја лажирал повредата:
– Не знам, кажете ми како изгледаше (Ѓоковиќ)? Мислам дека се движеше доста добро, не знам… – ги крена раменици Де Минор неколку пати и потсмевно се насмеа.
Новинарите инсистираа тој да продолжи да зборува за Ѓоковиќ.
– Сите видоа што се случува во последните неколку недели и сега само за тоа се зборува. Играв против него денеска и или не сум доволно добар тенисер за да го искористам тоа или тој играше премногу добро. Тој беше премногу добар во секоја смисла – изјави австралијанскиот тенисер.