ЗАРЕМ НАШЕТО ДЕТЕ Е ЅВЕР ПА ДА ГО ВРЗУВАТЕ? Мајка на момче со аутизам се пожали на третманот во психијатриската болница
„Јас не можам да верувам каде живееме, зарем нашето дете е ѕвер? Во 21 век да го врзувате?“, прашува Салка Анес Абдуловска, мајка на 17-годишно дете со аутизам откако детето ѝ било вратено во ужасна состојба и со рани од врзување. И најголемата активистка и мајка на дете со посебни потреби, Ребека Јанковска Ристески се надоврза пишувајќи: Изгледа дојде време да ја тужиме државата! Тоа ни остана! Дали сте свесни дека децата со аутизам не се за во психијатриска установа!?
Салка Анес Абдуловска од Дебар е мајка на дете со аутизам. Сѐ уште под голем стрес поради состојбата во која нејзиниот седумнаесетгодишен син вчера им бил вратен од Психијатриската болница, таа вели дека во моментот не е во состојба да каже ништо повеќе од она што веќе го напишала на својот фејсбук профил и го споделила со своите соборки, мајки на деца со посебни потреби, битолчанката Ирена Николовска Ристановска и Ребека Јанковска Ристески, која е воедно и една од најголемите активистки за правата на лицата со хендикеп, дисфункции, посебни потреби и ретки болести.
Во својот пост на Фејсбук таа се пожали дека нејзиниот 17-годишен син кој бил хоспитализиран пред 1 месец во психијатриска болница, вчера бил отпуштен од болницата со рани од врзување.
Прочитајте повеќе на „Мајка и дете“.