Заразениот британски премиер Борис Џонсон испрати тажна видео-порака
Ова е многу тажен ден за нас поради големиот пораст на заболени од коронавирусот - вели Џонсон во видеото.
Британскиот премиер Борис Џонсон ја предупреди јавноста дека епидемијата може да се победи само ако луѓето го почитуваа усвоениот план и дисциплинирано ги спроведуваат мерките за борба против коронавирусот.
Во Велика Британија само вчера од коронавирусот починаа 653 луѓе, а според најновите податоци, заразени се 29.474 лица.
– Ова е многу тажен ден за нас поради големиот пораст на заболени од коронавирусот – вели Џонсон во видеото.
Инаку, пред шест дена премиерот Џонсон призна дека е позитивен на Ковид-19 и дека сам се бори со болеста.