Заразената наставничка се чувствува добро и држи онлајн настава

314

Министерката за образование и наука Мила Царовска потврди дека наставничка на деца од прво до трето одделение во ОУ „Гоце Делчев“ во Скопје е позитивна на ковид-19 и од вчера е во изолација, како и учениците на кои таа им предава.

– Тие се сите од вчера во изолација за да може да се спроведат сите безбедносни мерки за инфекцијата да не се пренесе во училиштето. Наставата кај овие 17 деца тече онлајн преку наставничката бидејќи таа се чувствува добро. Ова е единствен случај во целата држава каде што имаме деца во изолација. Имаме други пет наставници кои биле позитивни, но спроведувале настава онлајн и не биле во контакт со свои колеги или со деца – рече Царовска, одговарајќи на новинарски прашања на настанот „Speech4Teachers“.

 

Поврзани содржини