ЗАРАЗЕН СО ОМИКРОН ОТИШОЛ НА КОНЦЕРТ СО 1.600 ЛУЃЕ За настапот на Мартин Јенсен уште долго ќе се кашла!

Портпаролот на данската Управа за сигурност на пациентите не можел да провери дали заразеното лице кое присуствувало на концертот пристигнало од Јужна Африка.

6,072

Данец заразен со омикрон-сојот на коронавирусот се забавувал на голем концерт на кој присуствувале околу 1.600 лица, соопшти денеска данската Управа за сигурност на пациентите. Во Данска веќе се потврдени четири случаи на новиот омикрон-сој, а сите заразени пациенти пристигнале во земјата од Јужна Африка.

Портпаролот на данската Управа за сигурност на пациентите не можел да провери дали заразеното лице кое присуствувало на концертот пристигнало од Јужна Африка.






Заразениот со омикрон-сојот присуствувал на концертот на данскиот ди-џеј Мартин Јенсен во градот Алборг.

Во неделата Данска ги потврди првите два случаи на варијантата омикрон, а Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека сè уште не е јасно дали новиот сој е попренослив од другите варијанти.

Поврзани содржини