Заразен со ковид-19 присуствувал на погребот на полицаецот Ангеловски

873

Со потврден позитивен тест, колега на прерано починатиот полицаец Игор Ангеловски, присуствувал на неговиот погреб, кој се одржа вчера на градските гробишта во Раштани, кај Велес, тврдат за Батали.нет луѓе кои биле на погребот, но кои сакаат да останат аноними.

Според истите извори, колегата на починатиот имал решение за изолација поради неговиот позитивен тест, но и тоа не го спречило да дојде на погребот.






На погребот, како што пишува порталот, присуствувале стотина луѓе, меѓу кои и вработени во СВР Велес. Тоа е спротивно на протоколите за заштита од вирусот, кои предвидуваат на погреб да присуствуваат најмногу до 30 луѓе.

Голем дел од присутните држеле дистанца и носеле заштитни маски, но имало и такви кои не се придржувале до препораките за заштита од коронавирусот.

Поврзани содржини