Заразата се шири кога здравствениот систем е оптоварен, седете дома!

750

Министерот за здравство Венко Филипче ги повика сите граѓани да бидат дисциплинирани и да се придржуваат до мерките за заштита на себе и на другите од новиот корона вирус.

– Епидемијата е во силен ек, секоја епидемија има свој тек, почеток, врв и намалување на случаите. Очекувано е согласно сите овие епидемиолошки податоци кои ги знаеме, бројот на заболени во периодот кој доаѓа да се зголеми. Затоа е важно да се спречи локалната трансмисија. Останете дома, не се собирајте, не се групирајте, излегувајте само ако имате некоја итна потреба, не контактирајте многу со луѓето, не се задржувајте во маркетите, држете дистанца, задолжително одржувајте лична хигиена, често миење на рацете во траење од 20-30 секунди – рече Филипче.






Тој нагласи дека сите треба максимално сериозно да пристапиме кон ова прашање.

– Нека седат дома децата и хроничните пациенти. Мораме да го заштитиме и нашиот здравствен пероснал. Искуствата од странство покажаа дека заразата се шири кога здравствениот систем е оптоварен. Се надевам дека сите мерки ќе придонесат да немаме остар пик на заразата, за да може здравството да го прими овој удар – рече Филипче.

Поврзани содржини