ЗАРАДИ ВАС СМЕ ПОСИЛНИ КАКО ОПШТЕСТВО И КАКО ДРЖАВА Oдделот за заштита на личности и објекти во БЈБ влече корени од АСНОМ-ска Македонија
Заради вас и ние сме посилни, и како држава и како општество. Преку врвната обука, прифатените високи стандарди на работа, постојаниот фокус и на најситните детали, вие сте нашиот тивок, невидлив, а непробоен штит и заштитник на македонското општество, истакна министерот за внатрешни работи.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Музејот на македонската борба за самостојност се обрати на јубилејот 80 години од формирањето на Одделот за заштита на определени личности и објекти во рамки на Бирото за јавна безбедност при МВР.
Тошковски потенцирапе дека одделот ги влече своите корени од АСНОМ-ска Македонија кога со повелба е конституиран во 1945 година, а припадниците на одделот ги преку својата професионалност, будност, сила и неуморност секојдневно се грижат за безбедноста на определени личности, објекти како и заштита на критичната инфраструктура неопходна за функционирање на општеството.
„Припадниците на Одделот, од самото свое основање, до денес, биле и ќе бидат на првата линија на одбраната против сите форми на закани, следејќи ги сите европски и светски стандарди и можам да кажам дека имам само гордост за нивото на професионалност, одговорност, посветеност и интегритет кои постојано ги покажуваат во службата кон министерството и државата, истакна министерот Тошковски“, соопштија од МВР.
Споменувајќи ги резултатите на работата на Одделот за заштита на определени личнисти и објекти, министерот нагласи дека само оваа година одделот има извршено обезбедување на 108 делегации и 47 меѓународни и домашни манифестации за чија беспрекорна организација МВР добива честитки од меѓународните партнери и пријатели.
– Заради вас и ние сме посилни, и како држава и како општество. Преку врвната обука, прифатените високи стандарди на работа, постојаниот фокус и на најситните детали, вие сте нашиот тивок, невидлив, а непробоен штит и заштитник на македонското општество. Вие сте хероите кои работат од сенка, и како што вели и вашето мото СЕКОГАШ БУДНИ, го чувате дел од мирот и безбедноста на сите нас – потенцираше министерот Тошковски.
На манифестацијата беше презентирано новото лого на одделот со лав во средишниот дел кој традиционално е симбол на заштита и моќ со храброст, сила и одлучност, доделени биле плакети на пријателите и соработниците на одделот, а беше изведена показна вежба од страна на припадниците на Одделот за заштита на определени личности и објекти.