ЗАРАБОТУВААТ МИЛИОНИ ОД ОПИУМ Кој го држи светскиот пазар со дрога?
Повторно ќе го доведеме на нула одгледувањето опиум, рече портпаролот Забихула Муџахид кога талибанците неодамна ја презедоа власта во Авганистан. Но, тоа не беше случај во минатото. Авганистан денес произведува 80 отсто од целиот опиум во светот, а дури 100 до 400 милиони долари годишно се прават од илегалното дилање со хероин и дроги поврзани со афионот.
Дури 80 отсто од целиот афион во светот се произведува во Авганистан, а голема заслуга за тоа имаат талибанците, истражува Би-Би-Си. Под нивното водство, уште во 90-тите опиумот станал поткрепа на економијата на земјата, а имало период и кога тој бил забранет. Како ќе биде сега кога дојдоа на власт?
Кој е рекордот на талибанците?
Афионот е растение од кое можат да се направат неколку битни лекови и дроги. Освен опиумот, од него се прави и хероин. Можеби тоа е причината што одгледувањето афион во 90-тите години за 1,5 пати се зголеми под власта на талибанците – од околу 41.000 хектари во 1998 година, на повеќе од 64.000 во 2000 година, според американскиот Стејт департмент.
Освен легално, талибанците нелегално во областа Хелманд произведуваа 39 отсто од целиот опиум во светот и тоа беше скандалозно. И тогаш, талибанците решија да го забранат опиумот. И целосно успеаја во тоа. Во периодот од 2000 до 2002 година дури и ОН го забележа тоа во свој годишен извештај.
– Кога бевме на власт порано немаше производство на дрога – изјави неодамна портпаролот Забихула Муџахид штом талибанците ја презедоа власта во Авганистан.
Но, само година дена подоцна производството продолжи. Бројките растеа, а во 2018 неверојатни 11 отсто од економијата биле во опиумот. Ќе се смени ли тоа сега?
Муџахид рече дека „повторно ќе го доведеме на нула одгледувањето опиум“ и дека нема да дозволат шверц.
Како талибанците заработуваат од афионот?
Ако сакаш да се вработиш во Авганистан, пробај со одгледување афион бидејќи дури 120.000 работни места биле обезбедни од оваа индустрија, само во 2019 година, вели истражување на ОНИДК. Па макар и да е илегално, неверојатни 100 до 400 милиони долари прават талибанците во светската црна економија која се занимава со дилање разни дроги.
Како талибанците заработуваат од сето ова? Легално, талибанците го таксаат опиумот со 10 отсто данок. Даноци се собираат и од лабораториите за претворање на опиумот во хероин. Илегално, даноци се земаат и од трговците кои шверцуваат недозволена дрога.
Но, сепак илегалниот бизнис изгледа е подобар. Од илегалните пари талибанците прават 60 отсто од нивниот годишен приход.
И претходната влада во Авганистан одгледувала афион. Но, најголемиот дел е во областите кои уште тогаш ги контролираа талибанците. Најмногу се одгледувало во областите Хелманд и Кандахар.
Каде завршуваат лековите?
Скоро цел хероин произведен во Авганистан, поточно 95 отсто од него завршува на црниот пазар во Европа. Со Америка не е така. САД зема само 1 отсто од хероинот од Авганистан, а останатите 99 отсто се набавуваат од Мексико.
Интересно е дека од 2017 до 2020, над 90 отсто од стоката била превезувана по земјен пат. Но, дел од неа се превезува и со бродови кои пловат од Индискиот Океан до Европа и назад. Неодамна бродовите беа често напаѓани.
Всушност, во последните две децении се зачестени нападите врз трговците кои го пренесуваат опиумот. Трговијата е толку добра, што ниту меѓународните запленувања и апсења за дрога немаа големо влијание во бизнисот. На пример, заплените на опиум во 2008 година биле еднакви на само 8 отсто од она што било произведено во 2019 година.