ЗАРАБОТИЛЕ 1,5 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ОД ЛАЖНИ СЕРТИФИКАТИ Медицински сестри наплаќале по 220 долари од човек

Полицијата го претресла домот на Де Вуоно каде пронашла околу 900.000 долари во готовина и сметководствена тетратка која евидентирала повеќе од 1,5 милиони долари приходи од криминалната шема.

911

Две медицински сестри од Лонг Ајленд се обвинети за фалсификување сертификати за вакцинација, заработувајќи повеќе од 1,5 милиони долари, јавија американски медиуми, повикувајќи се на обвинителството и на полицијата.

На Џули Де Вуоно, сопственичка на здравствен центар, и нејзината вработена Мариса Ураро вчера им се судеше.






Обвинителот на округот Сафолк, Рејмонд Тирни, рече дека Де Вуоно и Ураро обезбедиле лажни сертификати, наплаќајќи им на возрасните по 220 долари, а на децата по 85 долари. Двете медицински сестри внесувале неточни информации во државната база на податоци за вакцинација.

Полицијата го претресла домот на Де Вуоно каде пронашла околу 900.000 долари во готовина и сметководствена тетратка која евидентирала повеќе од 1,5 милиони долари приходи од криминалната шема.

Поврзани содржини