ЗАРАБОТИЛ 1.600 ЕВРА СО ИЗМАМА Гевгеличанец лажно се претставувал како обвинител и санитарен инспектор

Во измамата била вклучена и скопјанка против која полицијата исто така поднесе кривична пријава.

229

Одделението за внатрешни работи од Гевгелија поднесе кривична пријава против А.М.(45) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела „измама“ во обид и против М.А.(45) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела „помагање“ во врска со „измама“ во обид.

Првопријавениот, со помош на второпријавената, во периодот од 01. до 13.12.2024 телефонски контактирал неколку оштетени, претставувајќи се како јавен обвинител и ги доведувал во заблуда дека против нив е отворена истрага во Основното јавно обвинителство Скопје. Притоа, од нив барал да платат 600 евра за да не одат во притвор.






Исто така, на 13.12.2024 ги довел во заблуда С.М. и М.Ч., претставувајќи се како државен санитарен инспектор. Притоа, тој ги известил дека од продажен објект во Гевгелија имало труење со храна на дете, при што побарал да му исплатат 1.000 евра.

Поврзани содржини