ЗАПРЕНО Е ПРОИЗВОДСТВОТО ВО РЕК БИТОЛА Пукнала цевка во Блок1
Од ЕСМ потврдуваат дека има дефект во Блокот1 во ТЕЦ Битола, но не соопштуваат детали.
Утрово околу 03.30 часот, пукнала цевка и во Блок 1, во РЕК Битола.
Ова значи дека најголемиот енергетски капацитет РЕК Битола во моментот не произведува струја.
Од ЕСМ потврдија дека има дефект, но не открија детали. Најавено е соопштение од РЕК Битола во текот на денот.
Претходно поради хаварија во РЕК надвор од функција беа вториот и третиот блок поради што производството беше потпрено само на еден блок но сега и тој не работи.
ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека владата не менаџира добро со енергетскиот сектор. Наместо да инвестира 5,5 милиони евеа во РЕК Битола и да се произведат 100.000 мегавати струја, таа купува струја по цена од 210 евра за мегават.