Запознајте ја Мартина Страхиња – фотографка од Хрватска, која спасува албино-деца во Танзанија (ВИДЕО)
Албино-децата се посебно загрозени во Танзанија, бидејќи во оваа земја таканаречените шамани и вуду магионичари велат дека деловите од телата на овие деца – раце, нозе, коса или гениталии, кога ќе се зготват или исечат, носат благосостојба.
Фотографката Мартина Страхиња од Хрватска ги поминува своите одмори во Танзанија, но таа не е таму за да седи и да ужива на плажа, туку е волонтерка во училиштето во Килиманџаро, во кое живеат и се образуваат деца сираци.
Скоро половина од децата се со албинизам, тоа е генетско пореметување кое предизвикува недостаток на меланин. Кожата и косата им се потполно бели, а очите многу осетливи.
Тие се посебно загрозени во Танзанија, бидејќи во оваа земја таканаречените шамани и вуду магионичари велат дека деловите од телата на овие деца – раце, нозе, коса или гениталии, кога ќе се зготват или исечат, носат благосостојба.
Во Танзанија за 15 години се убиени 75 лица со албинизам, а ова е една од ретките училишта кое им нуди целосна заштита.
– Ме фасцинираше тоа што ме прифатија како белкиња, особено децата со албинизам – вели Мартина за Би-Би-Си.
Таа вели дека во училиштето го работи она што би го правела и една мајка со нејзиното дете, но не со едно, туку со 300 деца.
– Тие се толку горди бидејќи се исти како мене. Под кожата сите сме еднакви – вели Мартина
Со помош на донации од Хрватска, таа успеала да направи уште една спална соба, за на тој начин, секое дете да има свој кревет.
– Често доаѓаат волонтери кои имаат идеи поврзани со училиштето. Ќе го промениме светот и ќе им помогнеме на децата. Најчесто се случува, тие да ни помагаат нам – додава таа.