ЗАПОРОЖЈЕ МОЖЕ ДА СТАНЕ НОВ ЧЕРНОБИЛ! Драматично обраќање на Зеленски за можна нуклеарна катастрофа

Нуклеарната централа Запорожје не е само најголемата во Европа, туку и трета по големина во светот. Одговорот на дејствата на Русија треба да биде сеопфатен – рече украинскиот претседател Зеленски.

176

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја предупреди меѓународната заедница на опасност од нова нуклеарна катастрофа, слична на таа во Чернобил од 1986 година, јави ДПА.

– Русија е терористичка држава, што ја држи во заложништво нуклеарната централа Запорожје и ја користи за уцена – рече Зеленски во видеообраќање на отворање на донаторска конференција за Украина во Копенхаген.






Како што тој додаде, „Русија денес е уште поцинична и поопасна од Советскиот сојуз, кој тогаш се обиде да ја скрие нуклеарната катастрофа во Чернобил“. Според него, Европа треба да се заштити од „оваа закана“.

– Нуклеарната централа Запорожје не е само најголемата во Европа, туку и трета по големина во светот. Одговорот на дејствата на Русија треба да биде сеопфатен – смета Зеленски.

Тој нагласи дека Украина има потреба од максимално оружје и муниција, со цел да се одбрани.

– Никому не му требаат нови катастрофи, подвлече украинскиот претседател.

Поврзани содржини