ЗАПОРОЖЈЕ ИСКЛУЧЕНО, СВЕТОТ ЧЕКА Без соодветно ладење шесте реактори не се сигурни од катастрофа
Исклучувањето на струјата е еднакво опасно за Запорожје бидејќи ги оневозможува да работат системите за ладење и циркулација. Последната информација што е објавена е дека во тек се напори за повторно поврзување на двата реактори на Запорожје во системот и нивно стартување. Се додава дека реакторите сѐ уште се исклучени.
Украинскиот „Енергоатом“ рано утринава објави дека се исклучени сите шест реактори на нуклеарната централа Запорожје. Централа испаднала од системот за снабдување со електрична енергија на Украина. Само неколку минути по таа објава, „Енергоатом“ објави дека снабдувањето со електрична енергија е привремено овозможено со далечинско поврзување со други системи.
Исклучувањето на струјата е еднакво опасно за Запорожје бидејќи ги оневозможува да работат системите за ладење и циркулација.
Последната информација што е објавена е дека во тек се напори за повторно поврзување на двата реактори на Запорожје во системот и нивно стартување. Се додава дека реакторите сѐ уште се исклучени.
Од друга страна, првиот човек на „Енергоатом“ изјави дека не е точно дека снабдувањето со енергија од Запорожје било целосно прекинато, тврдејќи дека струјата од таа нуклеарна централа „тече“ нормално, што е сосема контрадикторна информација од сите објавени информации на Твитер.
Да потсетиме, вчера за влакно беше избегната нуклеарна катастрофа бидејќи избувна пожар во таа нуклеарна централа, која инаку е најголема во Европа. Додека Кремљ го обвини Киев за гранатирањето, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека несреќата е избегната благодарение на брзата реакција на украинските техничари кои работат во централата, а се киднапирани од руските сили.