ЗАПОМНЕТЕ ГО ОВОЈ ЛИК Оваа млада жена, Македонка по потекло, е министерка во новата словенечка влада!

Емилија Стојменова Дух по потекло е од Виница. Во завршувањето на втората година во локалната гимназија, заминува во Марибор, каде што почнува нејзиното образование и брилијантната кариера. Нејзиното време допрва доаѓа...

7,446

Емилија Стојменова Дух, 36, доктор на науки и асистентка на Електротехничкиот факултет во Љубљана, е избрана за министерка за дигитализација во новата словенечка влада.

Таа е основач и директор на мрежата FabLab Slovenia, како и директорка на Digital Innovation Hub (DIH) Slovenia. Меѓу другото, ја претставува Словенија во мултирегионален проект на Стејт департментот на САД, кој избра 50 жени од целиот свет кои се на важни позиции во науката, технологијата и математиката.






По завршување на вторa година во природно-математичката гимназија во Виница, Емилија се преселила во Марибор, Словенија. Од Агенцијата за развој на кадри во Словенија  добила стипендија за програмата Меѓународна матура во Втората gимназија во Марибор, каде го завршува средното образование. Потоа студиите по електроинженерство ги продолжува на Универзитетот во Марибор и ги завршува како најдобар студент.

Во интервју за порталот Иновативност.мк таа зборува за нејзината работа и за животот во Словенија, за можностите кои ги отвораат дигитализацијата и врвните телекомуникациски технологии.

Неодамнешно истражување на аналитичката куќа Deloitte покажа дека 800.000 луѓе ја изгубиле работата во Велика Британија поради автоматизацијата и вештачката интелигенција. Но, истовремено биле создаде нови 3,5 милиони работни места. Слична е ситуацијата и во Словенија. Преку екстензивна и ефикасна автоматизација и роботизација на производните процеси компанијата KLS Ljubno  ја зголеми конкурентноста и доби нарачки кои овозможија развој раст на вработените за повеќе од 50% и раст на платите за една петтина над просечната плата во Словенија.

За FabLab лабораторијата за телекомуникации на Факултетот за електроинженеринг во Љубљана таа вели:

– Има над 1.200 Fablabs во повеќе од 100 земји во светот. Станува збор за концепт кој е резултат на иницијатива на Институтот за технологија на Масачусетс. Концептот е едноставен, Fablab е место со соодветна инфрастрктура – компјутери со брз интернет, 3Д принтери, CNC машина и некоја друга опрема, чија вредност не надминува 20.000 евра. Такви места може да се најдат во речиси секое село кое сака да соработува: културен центар, училиште, административната зграда и слично. Исто така, некои компании ни ја даваат таквата опрема на користење кога не им треба. Луѓето кои ги развиваат своите идеи со ментор работат во fablab лабораторија и во Словенија сега има 28 такви локации. Во fablab лабораторијата на Факултетот за електроинженеринг во Љубљана имаме развиено автономен робот на четири тркала за употреба во земјоделството. Може да се движи на секаков терен (лозови насади или нива со компири или пченка), може да детектира болест и соодветно на тоа да примени заштита. Тука направивме и мала метеоролошка станица за микролокација, затоа што квалитетот и влажноста на воздухот варираат од локација до локација во ист град. Исто така, беше направена и микробранова печка која чини неколку десетици евра. Студентите ја модифицираа за да може да се користи за производство на електрични кола за модерни електронски уреди.

Повеќе во интервјуто на сега новата словенечка министерка, на следниот ЛИНК.

 

Поврзани содржини