ЗАПОЧНУВА ПОСТАПКА ЗА КОНФИСКАЦИЈА НА ДИВИОТ РЕСТОРАН НА СТЕНКОВЕЦ Институциите ќе побараат и пренамена во простор за тренинг на пилоти

Ова е јасна порака дека нема да се толерира изградба на нелегални објекти на места каде Министерството за транспорт и Државниот градежен инспекторат имаат надлежност, објави министерот за транспорт Александар Николоски најавувајќи дека институциите до Обвинителството и Судот пбарале објектот да се конфискува во корист на државата и да биде пренаменет во простор за тренинг на пилоти.

410

Институциите ќе започнат постапка за конфискација на нелегално изградениот објект на спортскиот аеродром Стенковец, најави министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски во соопштение на социјалните мрежи.

„Министерството за транспорт како институција која е надлежна за објекти од прва категорија како што се аеродроми, болници кои третираат терциерна здравствена заштита, градби за високо образование, спортски сали, стадиони и други државни инфраструктурни објекти, во изминатиот период сериозно пристапи кон решавање на проблемот со нелегалните објекти кои спаѓаат во оваа категорија.






Во координација на повеќе институции – Министерството за транспорт, Агенцијата за цивилно воздухопловство, Државниот градежен инспекторат, како и Аероклубот на спортскиот Аеродромот Стенковец Скопје – ќе се започне постапка за КОНФИСКАЦИЈА на нелегално изградениот објект на спортскиот аеродром Стенковец.

Имајќи предвид дека објектот е целосно нелегално изграден на државно земјиште, надлежните органи одлучија да се обратат до Обвинителството и Судот и да побараат целиот објект да се конфискува во корист на државата, со цел истиот да може го користи Агенцијата за цивилно воздухопловство за тренинг на пилоти и други потреби.

Ова е јасна порака дека нема да се толерира изградба на нелегални објекти на места каде Министерството за транспорт и Државниот градежен инспекторат имаат надлежност“, вели Николоски.

Поврзани содржини