ЗАПОЧНУВА 59-ОТ МАВРОВСКИ МЕМОРИЈАЛ Над 70 скијачи се пријавија за учество на најстариот скијачки куп на Балканот

Техничкиот организатор, ски клубот „Мирна Долина“, под покровителство на АД Елем и Скијачката федерација на Македонија, оваа година покажаа значителен ангажман за искористување на погодните временски услови и подготовка на падините на Маврово на едно повисоко ниво.

30

На 08 и 09 февруари на падините на Маврово ќе се одржи традиционалниот 59-ти Мавровски Меморијал, кој воедно е дел од ФИС Балкан купот. „Мавровски меморијал“ e најстариот скијачки куп на Балканот и еден од најстарите ски купови во Европа и во светот, а оваа година се одржува по 59-ти пат во организација на Скијачката федерација на Македонија и меѓународната скијачка федерација (ФИС).

На овогодишниот 59-ти Мавровски Меморијал ќе земат учество 70 натпреварувачи од повеќе земји, меѓу кои се: Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Бугарија и Грција.






Техничкиот организатор, ски клубот „Мирна Долина“, под покровителство на АД Елем и Скијачката федерација на Македонија, оваа година покажаа значителен ангажман за искористување на погодните временски услови и подготовка на падините на Маврово на едно повисоко ниво.

Настанот се одржува во спомен на 38-те градители на хидросистемот „Маврово“ и 14-те граничари кои ги загубија животите во снежна лавина во 1956 година. Срцето на планината Бистра, на падините на Маврово деновиве ќе биде главно збиралиште на врвни професионалци и вљубеници во зимските спортови кои се залагаат за подигнување на овој спорт на највисоко ниво.

Мавровскиот Меморијал е еден особено важен куп за Скијачката федерација на Македонија, кој секоја година традиционално се организира. Во чест на загинатите градители на планината Бистра оваа година ќе скијаат и ќе се натпреваруваат врвни скијачи од 6 различни земји, а ние со нашиот ангажман и напорна работа ќе продолжиме да ја одржуваме традицијата и да го поддржуваме развојот на зимските спортови во Македонија – рече Дејан Пановски, претседател на Скијачката федерација на Македонија.

Им посакуваме многу среќа на нашите најдобри скијачи Ана Цветановска и Ставре Јаде, кои ќе земат учество на купот, и на сите останати учесници.

Поврзани содржини