Започна тестирањето на втората руска вакцина за ковид-19, пристигнаа првите резултати

Како што е прецизирано, вакцинирани се вкупно 57 волонтери, 14 лица во првата фаза и 43 во втората, додека други 43 волонтери добиле плацебо.

537

Сите доброволци кои учествуваат во тестирањето на втората руска вакцина против вирусот ковид-19, која ја развива рускиот државен институт за вирологија и биотехнологија „Вектор“, се чувствуваат добро, објави Руската Федерална служба за фитосанитарна супервизија.

Како што е прецизирано, вакцинирани се вкупно 57 волонтери, 14 лица во првата фаза и 43 во втората, додека други 43 волонтери добиле плацебо.






– Сите волонтери се чувствуваат добро – рекоа официјалните лица.

Според планот, испитувањата за оваа вакцина треба да бидат завршени во ноември годинава.

Институтот „Вектор“ на крајот на јули објави дека започна клинички испитувања на втората руска вакцина против вирусот корона.

Патем, како што претходно го најави премиерот на Русија, Михаил Мишустин, Русија иницираше развој на четири различни вакцини против ковид-19.

Првата светска вакцина за спречување на ковид-19, изработена од Центарот за истражување „Гамалеј“ во соработка со Рускиот фонд за директни инвестиции, беше регистрирана од Русија на 12 август. Вакцината беше именувана „Спутник 5“.

Поврзани содржини