Започна пописот на население во Велика Британија
Од домаќинствата е побарано да пополнат прашалник со информации за секој жител на адреса, вклучувајќи возраст, раса, професија и брачен статус.
Во Англија, Велс и Северна Ирска почнува денеска попис на населението. Во Шкотска пописот е одложен за март 2022 година. Пописот што се одржува една во 10 години ќе биде целосно на интернет поради пандемијата на коронавирусот и затоа е одложен за една година во Шкотска.
Од домаќинствата е побарано да пополнат прашалник со информации за секој жител на адреса, вклучувајќи возраст, раса, професија и брачен статус.
За првпат, вклучено е прашање за оние над 16 години за да се утврди нивниот родов идентитет и сексуална ориентација, но ова прашање не е задолжително.
Националната статистика посочува дека пописот исто така ќе обезбеди вредни информации за влијанието на пандемијата и брегзит врз животот на луѓето.
Според законот, секој мора да го пополни прашалникот. Оние што одбиваат или даваат лажни информации, се соочуваат со казна до 1.000 фунти.