ЗАПОЧНА ИСПЛАТАТА НА МОЈДДВ ЗА ПОСЛЕДНИОТ КВАРТАЛ ЛАНИ Повеќе од 15 милиони евра ќе бидат исплатени на сметките на граѓаните

До денеска, реализирани се 184,5 милиони денари, кон 104.000 корисници на апликацијата МојДДВ.

65

Започна исплатата на средства на апликацијата МојДДВ за скенираните фискални сметки за четвртото тримесечје од 2025 година, информира Управата за јавни приходи (УЈП).

За овој квартал од 2025 година ќе бидат исплатени вкупно 924,5 милиони денари (повеќе од 15 милиони евра) кон 526.123 корисници на апликацијата МојДДВ.






-До денеска, реализирани се 184,5 милиони денари, кон 104.000 корисници на апликацијата МојДДВ. Исплатата на средствата продолжува, како се обработуваат налозите така се исплаќаат средствата на сметките на корисниците на МојДДВ – велат од УЈП.

Оттаму информираат  5.292 корисници кои скенирале фискални сметки имаат внесено погрешна трансакциска сметка, поради што не се во можност да ја реализираат исплатата.

-Доколку немате добиено средства, проверете ги и ажурирајте ги податоците за трансакциската сметка директно во апликацијата МојДДВ. На тој начин УЈП ќе има точни податоци за корисникот и ќе може да изврши исплата на поврат по основ на МојДДВ – апелираат од Управата за јавни приходи.

Поврзани содржини