Започна имунизацијата во Австралија, прв се вакцинираше премиерот Морисон
Ова е почеток на голем пресврт. Секој ден што поминува, ситуацијата е понормална. Тоа е она што денес е возбудливо - рече Морисон.
Австралискиот премиер Скот Морисон денеска ја прими првата доза на вакцина против ковид-19, велејќи дека почетокот на кампањата за вакцинација е „голем чекор“ што ќе овозможи враќање на животот во нормала.
Во март се очекува да бидат вакцинирани до четири милиони Австралијци, а Морисон беше во малата група луѓе кои ја примија првата доза на вакцината „Фајзер“/„БиоНТех“, објави „Ројтерс“.
– Ова е почеток на голем пресврт. Секој ден што поминува, ситуацијата е понормална. Тоа е она што денес е возбудливо – рече Морисон.
Вакцинацијата ќе се одвива во пет чекори, а Националниот кабинет на сите австралиски држави ќе го одреди начинот на кој вакцините ќе стигнат до граѓаните.
Неколку илјади граѓани вчера присуствуваа на протестот против вакцинација во поголемите австралиски градови, бидејќи сметаа дека вакцинацијата ќе биде задолжителна, стои во текстот на „Ројтерс“.