ЗАПОЧНА БИТКАТА ЗА ИСТОРИЈАТА Никој нема право да го брише сеќавањето на Јуриј Гагарин
Започна битката за историјата. Јуриј Гагарин не е само дел од нашата историја, туку тој е дел од глобалната историја. Се обидуваат да го избришат од меморијата на сите луѓе во светот, изјави рускиот космонаут Борисенко.
Рускиот космонаут Андреј Борисенко смета дека е неодбранлива одлуката на американската фондација посветена на прибирање на средства за вселенски истражувања „Вселенска фондација“, да го избрише од програмата името на првиот човек во вселената, Јуриј Гагарин.
– Започна битката за историјата. Јуриј Гагарин не е само дел од нашата историја, туку тој е дел од глобалната историја. Се обидуваат да го избришат од меморијата на сите луѓе во светот – изјави Борисенко.
Фондацијата од Колорадо во април има закажано добротворна вечера, на која од донаторите ќе побара пари за своите активности. Од претходно беше планирано тематската вечер да се вика „Ноќта на Јуриј“, но од пред неколку дена тоа беше променето во „Прослава на вселената“.
– Се плашам дека и другите големи достигнувања на Русија во иднина ќе бидат намерно заборавани – додава Борисенко.
Јуриј Гагарин на 12 април во 1961 година, стана првиот човек што полета во вселената.