Започна асфалтирањето на Пластичарската улица ФОТО
Овој месец, главниот град ќе добие современа и реконструирана сообраќајница со 4 сообраќајни ленти, велосипедска и пешачка патека и средишно зеленило онаму каде што тоа го дозволува просторот.
Денеска започна финалното асфалитрање на булеварот Никола Карев (познатата Пластичарска улица), соопштија од Град Скопје.
„Изминатиов период интензивно, со засилено темпо и ноќно работење се реконструираше и прошири овој булевар којшто е еден од најважните сообраќајници во Скопје бидејќи поврзува 4 општини – Гази Баба, Чаир, Центар и Карпош. Затоа, оваа реконструкцијата е посебно значајна и од особен интерес за граѓаните кои во голем број секојдневно се движат и поминуваат во овој фреквентен дел од градот. Штом се заврши со асфалтирањето на коловозот, булеварот ќе биде обележан со хоризонталната сообраќајна сигнализација и ќе биде пуштен во употреба. Паралено со тоа, се работат тротоарите, велосипедските и пешачки патеки“, наведено е во соопштението.
Како што претходно беше најавено од градоначалникот Шилегов, завршувањето на оваа делница е според предвидениот план. Градежни работи во оваа фаза се изведуваа на потегот од клучката кај Бит-пазар до влезот во касарната „Илинден“, на вкупна должина од 1.440 метри. Во целосната реконструкција беа офратени и подземните инсталации.
Овој месец, главниот град ќе добие современа и реконструирана сообраќајница со 4 сообраќајни ленти, велосипедска и пешачка патека и средишно зеленило онаму каде што тоа го дозволува просторот.