ЗАПОЧНА АПСЕЊЕТО НА АНТИВАКСЕРИТЕ Во Грција стапи на сила нова одредба од кривичниот закон

И во Италија е забележана слична реакција на полицијата, откако беше извршен претрес во становите на 17 луѓе, кои се идентификувани како сопственици на профилите на социјалните мрежи, кои ширеле лажни вести за вакцините.

2,704

Грчкото обвинителство ќе наложи апсење на антиваксерите, кои ги повикуваат граѓаните да не се вакцинираат со вакцините за ковид-19.

Во земјата стапи на сила и новата одредба од кривичниот закон, со кој се забранува ширењето на лажни вести. Во четвртокот беше уапсен и адвокатот Никос Антонијадис, кој е предводник на неформалното антиваксерско движење во грција. Во меѓувреме тој беше пуштен на слобода, а за медиумите изјави дека апсењето нема да го смени неговиот став.






И во Италија е забележана слична реакција на полицијата, откако беше извршен претрес во становите на 17 луѓе, кои се идентификувани како сопственици на профилите на социјалните мрежи, кои ширеле лажни вести за вакцините.

Поврзани содржини