📽️ ЗАПРЕНА ПОДМОРНИЦА СО РЕКОРДНИ 9 ТОНИ КОКАИН Вредноста на дрогата е над 600 милиони евра

Четворица осомничени уапсени, дрогата вреди половина милијарда евра, подморницата дошла од Латинска Америка.

207

Португалската полиција заплени рекорден товар од речиси девет тони кокаин откако пресретна подморница за дрога кај Азорските Острови, објавија медиумите денес.

Подморницата ја превезувала најголемата пратка дрога досега пронајдена на брод од ваков вид што се движел кон Европа, пренесува „Гардијан“.






Во операцијата се уапсени четири лица – тројца Колумбијци и еден државјанин на Венецуела.

Португалската полиција соопшти дека дрогата била запленета во заедничка акција со морнарицата и воздухопловните сили, во координација со американската Администрација за борба против дрога и британската Национална агенција за криминал.

 

Подморницата, која дошла од Латинска Америка и имала екипаж од четири странски државјани, превезувала 300 бали кокаин. Најголемата опасност била пресретнувањето на море, околу 230 наутички милји од Азорските Острови, поради исклучително неповолни временски услови.

Според португалските медиуми, вредноста на запленетата дрога може да достигне до 600 милиони евра.

 

Слични операции во минатото

Во март минатата година, португалската полиција лоцираше и пресретна уште една подморница за дрога кај Азорските Острови, која транспортирала речиси 6,5 тони кокаин.

Пред четири месеци, шпанската полиција заплени 3,6 тони кокаин што подморницата ја доставила во Галиција.

Дополнително, шпанската полиција денес соопшти дека разбила голема мрежа за шверц на кокаин која користела моторни чамци и бази на атлантскиот брег за да внесе повеќе од 57 тони дрога во Европа во текот на изминатата година.

Поврзани содржини