ЗАПЛЕНЕТИ РЕКОРДНИ 35 ТОНИ КОКАИН Германската полиција ги уапси дилерите на пратката од милијарда евра
Министерството за правда на сојузната покраина Северна Рајна Вестфалија, соопшти дека станува збор за 35 тони кокаин кои биле запленети минатата година во пристаништето во Хамбург, а во денешната акција се уапсени осомничените за шверцот на кокаин.
Германските истражни органи ја запленија најголемата количина кокаин досега, беше објавено во петокот по операцијата во која беа уапсени седуммина осомничени шверцери.
„Ова се десетици тони кокаин во вредност од неколку милијарди евра“ – соопшти Регионалната канцеларија за борба против криминалот на сојузната покраина Баден-Виртемберг која ја спровела акцијата во координација со Државното обвинителство во Дизелдорф, во седум сојузни покраини. За време на рацијата уапсени се 7 лица.
Според Министерството за правда на сојузната покраина Северна Рајна Вестфалија, станува збор за 35 тони кокаин кои биле запленети минатата година во пристаништето во Хамбург вредни милијарда евра, а во денешната акција се уапсени осомничените за шверцот на кокаин.
Според пишувањата на германските медиуми, кокаинот бил делумно скриен во кутии со ананас.
Истрагата наречена „Плексус“, како што дополнително се соопштува, довела до заплена на „најголемото количество кокаин на територијата на Сојузна Република Германија“. Надлежните најавија дека во понеделник на јавноста ќе и ги претстават деталите за операцијата.
Властите соопштија дека денешните претреси низ Германија не се поврзани со акцијата на Европол, при која вчера беше разбиен синџир на шверцери на дрога.