ЗАПЛЕНЕТИ НАД 440 ПАРЧИЊА НЕЛЕГАЛНА СТОКА Уапсени двајца за шверц на брендирана роба

Од полицијата велат дека по целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци против приведените лица.

171

Двајца мажи од Куманово и од Скопје беа приведени на автопатот Табановце–Куманово, откако полицијата кај нив пронајде поголема количина брендирана стока и рачен алат без соодветна документација.

Како што информираат од МВР, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции, во два одвоени случаи сопреле патнички возила и извршиле контрола.






Во првиот случај бил запрен автомобил „голф“ со кумановски регистарски таблички, управуван од 38-годишниот Б.И. од Куманово. При прегледот, во возилото биле пронајдени 272 парчиња разновидна брендирана стока, за која возачот не поседувал никаква документација. Стоката веднаш била одземена, а лицето приведено.

Неколку часа подоцна, во вториот случај, полицијата сопрела „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 41-годишниот Б.С. од Скопје. Во возилото биле откриени 174 парчиња рачен, батериски и електричен алат, исто така без потребните документи. Освен алатот, одземено било и возилото, а возачот бил лишен од слобода.

Од полицијата велат дека по целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци против приведените лица.

Поврзани содржини