ЗАПЛЕНЕТИ КОЛЕКЦИОНЕРСКИ МОНЕТИ И БАНКНОТИ ОД ДРЖАВЈАНИН НА САД Царината апелира патниците да ги пријавуваат вредните предмети
Патникот иако со себе носел поголема количина пари за колекционерски цели се упатил на зелениот канал. Поради сомневање бил селектиран на детална контрола, при што во двата куфери и во торбите што ги носел со себе биле откриени банкноти и монети за колекционерски цели, соопшти Царинската управа.
Запленети се 204 банкноти и монети за колекционерски цели, чија вредност е проценета на 700 илјади денари (11.000 евра), соопшти Царинската управа.
Случајот е откриен од страна на царинските службеници на Меѓународенниот аеродром Скопје, при контрола на патник, државјанин на САД, се додава во соопштението.
„Патникот иако со себе носел поголема количина пари за колекционерски цели се упатил на зелениот канал. Поради сомневање бил селектиран на детална контрола, при што во двата куфери и во торбите што ги носел со себе биле откриени банкноти и монети за колекционерски цели. Против патникот е поведена соодветна постапка до надлежен суд“, соопшти Царинската управа.
Апелираме дека сите патници имаат законска обврска да ги пријават вредносните предмети при влез и излез од државата, се додава во соопштението.