Запленети 48 килограми хашиш и марихуана во Прилепско, приведени тројца дилери

218

Околу 48 килограми дрога од кои 15 килограми хашиш и 33 килограми марихуана се запленети, а три лица се проведени синоќа во полициска акција во прилепското село Дебреште.

Портпаролот н МВР Тони Ангеловски изјави дека во акцијата учествувале полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, ОВР Прилеп и Одделот за специјални полициски операции во координација со прилепското Јавно обвинителство.






– На патниот правец од Прилеп кон село Дебреште, на место во близина на градските гробишта лишен од слобода е В.И. (55) од Дебрешта, кај кого се пронајдени четири вреќи со околу 48 килограми дрога (хашиш и марихуана) кои ги подготвувал за транспорт. По преземени дополнителни мерки и активности, околу 20.30 часот во Прилеп е лишен од слобода Н.Д. (46) од Дебрешта, за  кој е утврдено дека бил организатор на транспортот.  Потоа од слобода е лишен и Е.И. од Дебрешта – истакна Ангеловски.

По наредба од Основен суд Прилеп, извршени се претреси на три локации во Дебрешта и одземени се две патнички возила, мерцедес и голф, во врска со овој случај. Приведените денеска ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка во Основен суд Прилеп.ки.

Поврзани содржини