ЗАПЛЕНЕТИ 27 000 ЕВРА НА БОГОРОДИЦА Србин носел во чантата 47 000 евра, му вратиле 20 000

186

 

На 18.07.2023 година околу 20 часот на излез од Македонија на граничниот премин Богородица се пријавило патничко моторно возило со српски регистарски таблици, управувано од српски државјанин. При извршена контрола од царинските службеници во лична ташна на патникот пронајдени се 47 000 евра за кои не поседувал соодветен документ за потекло.






Согласно Законот за девизно работење, на патникот и неговата сопруга – сопатник во возилото, вратени им се по 10 000 евра (износ што нерезидент може слободно да го изнесе од државата), а останатите 27 000 евра привремено се задржани.

Согласно законот за девизно работење и Царинскиот закон поднесено е барање за поведување прекршочна постапка.

Поврзани содржини