ЗАПЛЕНЕТИ 1,4 ТОНИ КОКАИН НА БРОД Нов голем удар на француската морнарица

Кокаинот бил пронајден на рибарски брод од Јужна Америка, а осомничените се предадени на бразилските власти.

50

Француската морнарица заплени 1,4 тони кокаин во Атлантскиот Океан, со проценета улична вредност од околу 41 милион евра, соопшти денеска француската Атлантска поморска префектура.

Како што се наведува во соопштението, заплената е извршена на 1 февруари, при контрола на рибарски брод кој пловел од Јужна Америка, а осомничените лица биле предадени на бразилските правосудни органи, пренесе весникот „Фигаро“.






Операцијата била спроведена по барање на Националниот директорат за царинско разузнавање и истраги, како и Канцеларијата на комесарот за борба против наркотици, врз основа на разузнавачки информации собрани во меѓународна соработка.

Во акцијата учествувале и британските и американските полициски служби, кои обезбедиле клучни податоци за движењето на бродот и сомнителниот товар.

Според официјалните податоци, француската морнарица во текот на 2025 година запленила вкупно 87,6 тони дрога ширум светот, што претставува зголемување од 81 отсто во однос на истиот период лани.

Од вкупната количина, 58 тони бил кокаин, што се оценува како рекордна заплена и јасен показател за засилените активности против меѓународниот шверц со дрога, наведува „Фигаро“.

Поврзани содржини