ЗАПЛЕНЕТАТА ЈАХТА НА УСМАНОВ ИСПЛОВИЛА ОД ХРВАТСКОТО ПРИСТАНИШТЕ Надлежните дознале по 3 месеци

Во истрагата се вклучени хрватското државно обвинителство, Хрватската безбедносно-разузнавачка агенција и меѓународни служби, а распишана е и меѓународна потерница.

3,645

Јахтата „Ирина ВУ“, во сопственост на компанијата на рускиот олигарх Алишер Усманов, близок на рускиот претседател Владимир Путин, која се наоѓаше на листата на санкции на ЕУ, САД и Велика Британија поради војната во Украина е украдена од марината Бетина на хрватскиот остров Муртер.

Сè уште не е јасно како јахтата долга речиси 35 метри и 240 тони, исчезнала од пристаништeто на кое била запечатена. Уште помалку е јасно како никој од надлежните не го забележал тоа три месеци.






Јахта моментално се наоѓа во турската марина Дидим на Егејското Море, а хрватското Министерство за море, трговија и инфраструктура дури минатата недела дозна за оваа бизарна кражба и очигледен пропуст на безбедноста.

Според податоците што може да се најдат на специјализираната веб-страница marinetraffic.com, јахтата „Ирина ВУ“ испловила од пристаништето Бетина на 6 октомври 2022 година, нешто по 10 часот, а три дена подоцна е закотвена во турското пристаниште Дидим.

Храватските медиуми пишуваат дека збрката околу исчезнувањето на јахтата, се случила бидејќи хрватската полиција немала официјални податоци или информации дека јахтата „Ирина ВУ“ е под санкции, па граничната полиција немала причина да интервенира и да го спречи овој луксузен брод да ги напушти хрватските територијални води.

Во Хрватска сега се води истрага во која  се вклучени хрватското државно обвинителство, Хрватската безбедносно-разузнавачка агенција и меѓународни служби, а распишана е и меѓународна потерница.

 

 

 

Поврзани содржини