ЗАПЛЕНЕТА ПИРОТЕХНИКА НА БИТ ПАЗАР Полицијата одзеде над 7.000 парчиња, следуваат пријави

Полицијата спроведе координирана контрола и одзеде над 7.000 опасни пиротехнички средства поставени на импровизирани тезги на Бит Пазар.

0

Над 7.000 парчиња пиротехника беа запленети денеска на влезот на скопскиот Бит Пазар, во акција спроведена од полициски службеници на СВР Скопје – ЕВР Центар и Бит Пазар, со цел да се спречи нелегалната продажба на опасни пиротехнички средства пред празничниот период.

При контролата биле пронајдени вкупно 7.107 парчиња пиротехнички средства, распоредени на три импровизирани тезги. Полицијата веднаш ги одзела средствата, а во тек се мерки за пронаоѓање на лицата кои стојат зад нивната продажба. По идентификацијата, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.






Од Министерството за внатрешни работи информираат дека ваквите контроли ќе продолжат и во наредните денови, со засилен надзор на локации каде традиционално се појавува нелегална трговија со пиротехника. МВР апелира до граѓаните, доколку забележат продажба на пиротехнички средства, веднаш да пријават во најблиска полициска станица или на телефонските броеви 112 и 192.

Поврзани содржини