ЗАПЛЕНЕТА МАРИХУАНА ВРЕДНА НАД 100.000 ЕВРА Соработка меѓу нашите и германските служби

Надлежните германски служби за борба против дрога засега лишија од слобода едно лице, а истрагата продолжува, велат од МВР.

174

Во заедничка координирана акција на територијата на СР Германија на почетокот на септември 2021 година, запленета е марихуана вредна повеќе од 100.000 евра, информира МВР.

– По интензивна меѓународна соработка помеѓу нашиот Оддел за организиран и сериозен криминал и надлежните германски служби за борба против недозволена трговија со дрога, реализиран е случај на недозволена трговија со дрога, при што е запленета поголема количина на марихуана, со висок квалитет во вредност од над 100.000 евра. Надлежните германски служби за борба против дрога засега лишија од слобода едно лице, а истрагата продолжува – велат од МВР.

Поврзани содржини