ЗАПЛЕНЕТ АВТОБУС СО ФАЛСИФИКУВАНИ ДОКУМЕНТИ Превозникот возел на релација Скопје-Истанбул
На наплатната станица Миладиновци полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции по извршена контрола одзеле автобус, соопственост на правно лице од Скопје, кој се движел на релација Скопје-Истанбул, потврдија од МВР.
Од Министерството за внатрешни работи ја информираа јавноста дека денеска на наплатната станица кај с. Миладиновци, бил запленет автобус откако полицајците се посомневале во веродостојноста на регистарскиот и шасискиот број.
– Денеска (19.12.2021) околу 17 часот на наплатната станица Миладиновци полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции по извршена контрола одзеле автобус, соопственост на правно лице од Скопје, кој се движел на релација Скопје-Истанбул, а бил управуван од З.М. (56), поради основано сомнение дека е направен фалсификат по регистрација и број на шасија. Исто така поради сомнение дека возачот нема лиценца за меѓународен транспорт известени се надлежните инспектори од Државниот инспекторатот за транспорт за постапување. Во тек е документирање на случајот, за кој следуваат соодветни поднесоци – објавија од МВР.
Засега не е информирано од која транспортна компанија бил автобусот.