ЗАПИРАМЕ НА НЕОДРЕДЕНО ВРЕМЕ „Газпром“ се премисли и ги демантираше гласините

Од „Газпром“ во соопштение попладнево рекоа дека ќе мора да решат дефект пред повторно да го пуштат гасот, а немаат информацијата колку време тоа ќе трае.

1,095

Рускиот енергетски гигант Газпром објави дека утре нема да го „рестартира“ протокот на гас кон Европа преку Северен тек. Со тоа компанијата ја демантираше веста која ја пренесе Ројтерс дека гасот од утре ќе тече. „Газпром“ се премисли, објавија некои медиуми. Од „Газпром“ во соопштение попладнево рекоа дека ќе мора да решат дефект пред повторно да го пуштат гасот, а немаат информацијата колку време тоа ќе трае.

Причината за сопирањето на славината официјално е истекување масло на гасната турбина што помага да се пумпа гас во врската. Според компанијата, турбината не може да работи безбедно. Западот и Истокот имаат различни толкувања околу тоа што е точната причина и дали таа е политичка.






На Телеграм компанијата објави слика од дефектот, која наиде на многу коментари и толкувања.

 

„Северен тек 1“, кој испорачува гас за Германија и други земји, веќе работеше со само 20 отсто капацитет дури и пред да бидат затворени цевките пред три дена.

Поврзани содржини