ЗАПАЛИЛ СУВА ТРЕВА ВО РАСАДНИКОТ ВО КИСЕЛА ВОДА Интервенирала противпожарна екипа

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.

415

На 16.08.2024 во 03:36 часот во СВР Скопје, од граѓанин било пријавено дека било забележано едно лице како намерно запалило сува трева во расадникот на булевар „Борис Трајковски“ во Скопје.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.






Увид извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Поврзани содржини