ЗАПАЛИЛ ОГАН ВО РУИНИРАНА КУЌА, КОЈ ПОТОА ЗАФАТИЛ СУВА ТРЕВА Приведен е 31-годишен маж од Свети Николе
Пожарот е локализиран од пожарникари од Територијалната противпожарна единица-Свети Николе и локалните жители.
Вчера полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода М.Ј.(31) од Свети Николе затоа што на 31.07.2024 околу 13.30 часот кај место викано „Крушки” во атар на Свети Николе предизвикал пожар во руинирана куќа, кој се проширил на сувата трева околу куќата, информираше Министерството за внатрешни работи.
Пожарот е локализиран од пожарникари од Територијалната противпожарна единица-Свети Николе и локалните жители.
По насоки од ОЈО Свети Николе М.Ј. е задржан во ПСОН Свети Николе, а потоа со соодветна пријава е изведен пред судија на претходна постапка од Свети Николе, кој му определил мерки на претпазливост.