ЗАПАЛИЛ МЕРЦЕДЕС И ПРЕДИЗВИКАЛ ШТЕТА ОД 200.000 ДЕНАРИ Скопјанец од Кисела Вода признал дека подметнал пожар

Полицијата во Кисела Вода го пронашла осомничениот по четири дена, а судот веднаш му одредил притвор.

711

Скопјанецот Ж.И. (37) од Кисела Вода е приведен и против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, откако полицијата открила дека со запаливо средство предизвикал пожар во патничко возило мерцедес во Скопје.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 16 октомври 2025 година на улицата Народни херои, кога осомничениот, поради засега непознати мотиви, го запалил автомобилот со скопски регистарски ознаки, сопственост на 38-годишниот Д.Н. од Скопје.






Од пожарот настанала материјална штета проценета на околу 200.000 денари, а по преземените мерки и активности, полицијата на 20 октомври го пронашла и лишила од слобода осомничениот Ж.И.

Во службен разговор, 37-годишниот маж го признал делото, по што, по насоки на јавен обвинител, против него е поднесена кривична пријава по брза постапка.

Од Основниот кривичен суд – Скопје му е одредена мерка притвор во траење од осум дена.

Поврзани содржини