ЗАПАЛИЛ КАНТИ, РАЗБИВАЛ ЕКРАНИ СО ЧЕКАН, ПА НАПАДНАЛ ВРАБОТЕНИ Драма на аеродромот во Милано, уапсен маж
Осомничениот ја насочил својата агресија кон инфраструктурата на аеродромот. Црн чад се ширел од запалената корпа, предизвикувајќи паника, а еден вработен интервенирал кога го забележал пожарот додека мажот ги кршел екраните меѓу шалтерите.
Маж влетал вооружен со чекан на аеродромот Милано, во Италија, објави Метро.
Снимка, споделена на Инстаграм, го прикажува нападот што се случил денеска околу 10:30 часот во заминувачкиот дел на Терминал 1.
Мажот првин запалил корпа за отпадоци, а потоа со чекан ги искршил екраните помеѓу 2 шалтера за пријавување. Се тврди дека се обидел да нападне неколку припадници на обезбедувањето на аеродромот.
Гневот бил насочен кон имотот на аеродромот
Осомничениот генерално „ја насочил својата лутина само кон имотот на аеродромот.
Црн чад се издигнувал од запалената корпа додека патниците викале за помош и панично бегале од местото.
Медиумите јавуваат дека еден вработен интервенирал откако забележал дека чадот во аеродромот, додека осомничениот наводно ги уништувал екраните меѓу шалтерите 12 и 13.
Се наведува дека тој веднаш реагирал за да го спречи мажот, а во тоа му помогнале и неколку патници.
Подоцнежни фотографии покажуваат осомничен маж совладан и легнат на подот во терминалот.
Не се знае мотивот
Асоцијацијата на аеродроми за регионот Ломбардија потврди дека мажот е уапсен, но полицијата сè уште не открила што е мотивот зад нападот.
Во објава на социјалната мрежа Икс се додава:
„Ситуацијата бргу беше ставена под контрола по апсењето на мажот кој подметна пожар и уништи неколку шалтери за пријавување. Поради затворање на одредени делови и евакуација, можно е да има доцнења и откажувања на летови од аеродромот“.
Дел од аеродромот Милано Малпенса е затворен, откако противпожарни служби интервенирале за да го изгаснат пожарот.
Според вработени на аеродромот, воздухот во објектот сè уште е „неподнослив за дишење“, а објавени фотографии покажуваат терминал, исполнет со густ црн чад.