„ЗАПАЛЕТЕ ИЛИ ИСЕЧКАЈТЕ ГИ ДОВЕРЛИВИТЕ ДОКУМЕНТИ ОД УСАИД“ Триесетина вработени во американската агенција добиле е-пошта

Прво исечкајте што повеќе документи на машина. Потоа, кога машината за уништување ќе стане недостапна или ќе има потреба од пауза, искористете ги кесите за горење, се вели во е-поштата која триесетина вработени во УСАИД ја добиле од Ерика Кар, вршител на должноста извршен секретар на агенцијата.

943

Некои вработени во американската агенција УСАИД добија упатство да ги исчистат доверливите сефови и личните документи од зградата Роналд Реган, каде што е сместена агенцијата, и да ги распарчат или запалат записите, пишува Си-Би-Ес Њуз повикувајќи се на слики од екранот на два извори од испратена е-пошта.

Вработените во УСАИД добија е-пошта од вршителот на должноста извршен секретар на УСАИД, Ерика Кар, која ги упатува да ги расчистат доверливите сефови и личните документи, почнувајќи од 9:30 часот во вторник.






„Прво исечкајте што повеќе документи на машина. Потоа, кога машината за уништување ќе стане недостапна или ќе има потреба од пауза, искористете ги кесите за горење. Ако треба да ги користите кесите за горење, не преполнувајте и погрижете се кесата да се затвори со спојници на врвот. Единственото означување кое е потребно на вреќичките се зборовите „ТАЈНА“ и „УСАИД/(Б/ИО)“ ако е можно со темен маркер . Ако ви требаат дополнителни кеси за горење или маркери, ве молиме известете ме мене или тимот на SEC InfoSec“, се вели во е-поштата.

– Документите за кои е наредено да се уништат може да бидат доказ за повеќекратни судски поднесоци против администрацијата на Трамп и против УСАИД. Од околу триесетина вработени во УСАИД кои ја примија е-поштата, сите имаа безбедносен сертификат на Тајно ниво или повисоко, и ниту еден не беше на административно отсуство – изјави извор за Си-Би-Ес Њуз.

Во понеделникот, државниот секретар Марко Рубио твитна од неговиот личен профил на социјалната мрежа Икс потврдувајќи дека 83% од програмите на УСАИД се откажани.

Поврзани содржини