📷 ЗАПАЛЕНИ ЛИЗГАЛКИ, ИСКРШЕНИ КЛУПИ Вандали сѐ почесто ја уништуваат урбаната опрема во Аеродром, општината бара помош од надлежните
Урбаната опрема, детските катчиња и спортски игралишта се наша заедничка сопственост и одговорноста за нивно одржување е на сите нас“, пишува во општинската објава.
Утрово на својата фејсбук страна Општина Аеродром утрово сподели фотографии од неколку детски игралишта што се целосно уништени од несовесни вандали. Едно од нив е детското игралиште во населбата Ново Лисиче во близина на детската улица, каде несовесни граѓани ја запалиле детската лизгалка.
Од таму информираат дека во изминатите неколку денови, општинските служби затекнале оштетени детски игралишта, уништени спортско – рекреативни реквизити и урбана опрема на повеќе локации во општината.
„Најстрого го осудуваме овој вандалски чин и апелираме до граѓаните да бидат совесни кон јавните површини. Истовремено бараме од надлежните државни институции со засилени активности да ги спречат појавите на вандализам во општината. Урбаната опрема, детските катчиња и спортски игралишта се наша заедничка сопственост и одговорноста за нивно одржување е на сите нас“, пишува во општинската објава.