Запалени лежалки, ново пукање, албанското крајбрежје како „Дивиот Запад“ (ВИДЕО)

Причините за пожарот сè уште не се расветлени. Полицијата соопшти дека работи на расветлување на околностите на настанот – се вели во информацијата која ја пренесе ТВ „Клан“.

827

На албанското крајбрежје продолжува насилството, ноќеска забележан нов инцидент со лежалки и пукање со оружје во друг случај.

– Шеесет лежалки изгореа околу 1 часот по полноќ денес, на 28.6.2021 година, на плажата Дримадес во крајбрежното туристичко село Дерми, кај Валона во Албанија. Лежалките биле сопственост на лицето Б.Д  – соопшти ТВ „Клан“ од Албанија, повикувајќи се на соопштение на полицијата.






– Причините за пожарот сè уште не се расветлени. Полицијата соопшти дека работи на расветлување на околностите на настанот – се вели во информацијата која ја пренесе ТВ „Клан“.

Сѐ уште не е познато како изгореле лежалките, односно, дали можеби некој и намерно ги запалил, или не.

ТВ „Клан“ денеска информира и за нов оружен инцидент во Албанија, случен, исто така, во селото Дерми:  – Момче на возраст од 28 години синоќа пукало со пиштол во воздух во Дерми по конфликтот со други две лица во селото.

– Специјалистите за криминалистичка истрага при полицијата во Химара објавија потрага по државјанинот Х.Ф (28), бидејќи се сомнева дека вчера вечерта на Дримадес пукал во воздух со оружје – спортски пиштол откако се степал со лицата Д.Д. и О.Т. – соопшти полицијата.

Поврзани содржини