ЗАПАЛЕНА КАНЦЕЛАРИЈА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА Синоќа горело седиште на комората во Аеродром
Денеска (25.11.2024) во 03.16 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Методија Шаторов Шарло“ на подрачјето на општина Аеродром во Скопје бил опожарен стан – деловен простор на Адвокатската комора на РСМ, информираа од МВР.
Синоќа била запалена канцеларија на Адвокатската комора на Македонија, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Одделот за форензички испитувања при МВР, јавен обвинител и екипа од СВР Скопје вршат увид на местото.
„Денеска (25.11.2024) во 03.16 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. Методија Шаторов Шарло на подрачјето на општина Аеродром во Скопје бил опожарен стан – деловен простор на Адвокатската комора на РСМ. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема“, информираа од МВР.