📽️ ЗАПАЛЕН ДОМОТ НА АЛЕКСАНДАР ПАНДОВ „Ова ли е цената за удирањето по мафијата?“

Домот ми беше запален и имам основано сомневање дека станува збор за смислен атак на криминалците! Нема да нè запрат и нема да нè поколебаат. Никој не е над законот! Нема враќање назад кога се бориш за правдата. И кога ќе тргнеш против криминалот, тој се брани со насилство, напиша Директорот на управата за извршување санкции Александар Панодв објавувајќи снимка од пеплосаната куќа.

1,303

Директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов, објави снимка, во која посочува дека му бил запален домот во скопско Зелениковo. Пандов се сомнева дека станува збор за смислен атак и порача дека ова нема да го поколеба во борбата против криминалот.

„Ова е данокот за нашата борба за владеење на правото без калкулации? Ова е цената за удирањето по мафијата! Домот ми беше запален, и имам основано сомневање дека станува збор за смислен атак на криминалците! Нема да нè запрат и нема да нè поколебаат. Никој не е над законот! Нема враќање назад кога се бориш за правдата. И кога ќе тргнеш против криминалот, тој се брани со насилство. Но, ова нема да ме запре — напротив, само нè зајакнува! Очекувам институциите да го најдат и казнат сторителот. А јас и сите заедно ќе продолжиме таму каде што бевме — со уште поголема одлучност“.






Поврзани содржини