Западот одамна не е див, ама Македонија за жал сѐ уште е

634

Како човек што работи долги години непосредно со медиуми, знам дека е редовна пракса новинари да носат оружје, без разлика дали е со дозвола и расклопено како што налага законот, знам дека новинарите носат оружје со себе, па макар и тоа било од забава или заборавено во автомобил.

Нормално не, ироничен сум, и се согласувам со сите здраворазумни луѓе, дека оружје нема никаква потреба да носи со себе ниту еден граѓанин, затоа што нели сме земја членка на НАТО, безбедна и никој не може да го загрози правото на безбедност на граѓаните. Е сега, од каде таа недоверба кон државата и кон системот кој што го градеа изминативе 7 години СДСМ додека Македонија стануваше членка на НАТО, па мора пиштоли да носиме со нас каде и да одиме?






Очигледно дека изминативе 7 години наместо да одиме напред, сме се вратиле назад. Јасно е дека пред 7 години ниту еден новинар не носеше пиштол со себе, барем тоа е факт.

Признание за ескалација на ситуација, извинување кон публика бла бла, сѐ тоа е јасно, ама нападнато службено лице е нападнато службено лице, носење оружје макар и расклопено е носење оружје. Полемиката зошто се носи пиштол е аргументирана. Дали полицијата имала недостатоци во постапката при апсење, да се види и да се докаже и тоа. Не би сакале да има уште еден случај на полициска бруталност или полицајци што се удираат од пајак. Сепак, треба да се утврди и образложи ама баш сѐ.

Се надевам дека сите што се фатија како кленови на јадица и го користеа терминот ВМРО-МВРО изминативе 24 часа, очигледно поддржуваат носење оружје, пак ќе кажам, без разлика на легитимноста на самиот чин на поседување. Сега веќе е јасно зошто им одговара на сите политички партии кои тргнаа во поход по оправдување и бранење на носење оружје од страна на новинар. Јасно е веќе дека сите тие луѓе го поддржуваат тоа најверојатно потајно или сакаат или веќе го прават истото – носат оружје со себе.

Не знам, ама јас одбивам да прифатам општество каде што ќе го шетам моето дете по улица, паркови или било каде, каде што има јавни настани и медиуми и политичари, а некои од нив ќе носат оружје или барем ќе поддржуваат носење оружје. Не ми е тоа некако за земја претендент во ЕУ и членка на НАТО. Некако премногу демократски ми изгледа носење оружје и поддржување носење оружје од страна на политичари и сите оние што мислат дека имаат влијание во јавното мислење. Одбивам и не го оправдувам тоа.

Да ја завршиме оваа тема тука, да му посакам на новинарот чесно расчистување на случајот и утврдување на фактите. Не се сомневам дека Тошковски ќе го направи тоа знаејќи го неговиот порив за правда. Чесно расчистување на случајот е потребно за да извлече и тој и сите останати, многу поуки за во иднина кои ќе влијаат во развојот на ова демократско општество, секако без пиштоли и ескалација на ситуации, особено не во предизборен процес кога може да бидат погрешно сфатени, иако можеби и баш затоа се испровоцирани.

Сепак, тој е новинар и без разлика колку сме соработувале, јас сум убеден дека треба да биде испочитуван и да ги ужива сите права и слободи во неговото делување и не треба од ова никој да излезе непотребно оштетен. Секогаш сум бил и ќе бидам на страната на новинарите и тие ќе ја имаат мојата поддршка, но не по секоја цена кога таа е злоупотребена на некој начин.

Да преминеме сега на тема политички партии и реакција на целиот овој случај од вчера.

Левица, која во последниов период се однесува како лут пекинезер што само „џавка“ зашто не добива доволно љубов од јавноста, бидејќи таа знае дека пекинезерот е спремен да ја гризне раката што го рани, прва реагираше. Цитирам: „Показна вежба што се случува на новинари кога има вмроиден министер“. Не знам како може да си го дозволи ова партија што мисли дека е сериозна, која пред само еден месец цела една национална телевизија, заедно со директор и новинари ги нарече „политички слуги“. Да не се навраќам во колку други случаи свесно или несвесно навредиле новинари. Тука не се во прашање честитост и праведност, во прашање е по секоја цена како да се нападне ВМРО, па затоа и не се искрени.

СДСМ, реално и нема што да се дополни. Говорат за некаква медиумска слобода. Побогу преку криминалното СЈО што им користеше за рекетирање и политички пресметки вршеа политички притисок врз најмалку 20 медуми со истраги, а уште најмалку толку новинари влечеа по судови како лица од тие истите медиуми што им пречеа. Погодете што, па и после 7 години влечење по судови се докажа дека тие новинари се невини, а медиумите исто така се невини.

Матрицата ви е погрешна. Подобро да ја смените побрзо, затоа што одите во опозиција и ќе ви треба поинаков пристап на работите, за доброто на Република Македонија.

Што побрзо го сфатите тоа, толку подобро. На крајот од денот, ВМРО-ДПМНЕ е реформирана партија која што одлично го држи во чекор теркот со сестринските партии од ЕПП во секој поглед. Земете некој пример од нас како партија и од претседателот Мицкоски. Нема да ви замериме, само да изградиме здраво општество во кое ќе живееме и ќе растат нашите деца и семејства.

Поврзани содржини