ЗАПАДОТ Ѝ ОБЈАВИ „ТОТАЛНА ВОЈНА“ НА РУСИЈА Лавров вели дека целта е да се опустоши руската економија

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров истакна дека „тотална војна“ е фраза што ја користела нацистичка Германија додека се обидувала да освои голем дел од Европа.

2,799

Западот објави „тотална војна“ против Русија со својот најнов бараж санкции, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

– Целите не се кријат, јавно се соопштуваат – да се уништи, опустоши, руинира, задуши руската економија и Русија како целина – рече тој за време на состанокот со претставници на фондација за дипломатија, пренесува ТАСС.






Тој истакна дека „тотална војна“ е фраза што ја користела нацистичка Германија додека се обидувала да освои голем дел од Европа.

Не е јасно на кој западен политичар, ако има таков, Лавров му ја припиша фразата, посочува германската агенција ДПА.

Поврзани содржини