ЗАПАДОТ НЕМА ДОВОЛНО ХРАБРОСТ Зеленски обвини дека Москва уште го контролира НАТО преку заплашување
Па кој е задолжен за евроатлантската заедница? Дали е тоа сè уште Москва, благодарение на нејзината тактика на заплашување, гласно праша Зеленски, додавајќи дека нивните сојузници мора да ја зголемат помошта за Украина.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го обвини Западот за недостаток на храброст додека неговата земја се бори, како што рече, да ја спречи руската окупација.
– Кога само би имале еден отсто храброст оние кои 31 ден размислуваа како да предадат десетици авиони и тенкови – рече украинскиот претседател.
– Па кој е задолжен за евроатлантската заедница? Дали е тоа сè уште Москва, благодарение на нејзината тактика на заплашување – гласно праша Зеленски, додавајќи дека нивните сојузници мора да ја зголемат помошта за Украина.
Американските медиуми пренесуваат дека воената помош од западните земји досега не вклучуваше борбени авиони, а предлогот за префрлање на полски авиони во Украина преку САД беше одбиен поради загриженоста на НАТО дека со тоа се вклучува во воен конфликт со Русија.
– Денеска разговарав со бранителите на Мариупол. Јас сум во постојан контакт со нив. Нивната решителност, храброст и цврстина се зачудувачки – рече Зеленски во видео-обраќањето, пренесено од американските медиуми.