ЗАПАДОТ МОРА ДА СЕ ПОДГОТВИ ЗА ВОЈНА Путин би можел да реагира агресивно

Поранешниот воен командант предупреди дека рускиот претседател Владимир Путин би можел да реагира агресивно, но смета дека ескалацијата е потребна за да се демонстрира сериозноста на Западот.

578

По вчерашната изјава на британската министерка за надворешни работи Лиз Трас која нагласи дека руските сили треба да бидат протерани од цела Украина, поранешниот заменик-командантот на НАТО за Европа, генералот Ричард Ширеф, денеска истакна дека тоа е „апсолутно правилен пристап“.

– Таквиот пристап треба да биде проследен со значајни ресурси и тоа да се направи преку целиот сојуз, како целина – изјави Ширеф за „Радио 4“ на сервисот на Би-Би-Си.






Поранешниот воен командант предупреди дека рускиот претседател Владимир Путин би можел да реагира агресивно, но смета дека ескалацијата е потребна за да се демонстрира сериозноста на Западот.

– Најлошото што може да се случи е војна со Русија, но подготовките за најлошото сценарио веројатно би можеле да го одвратат Путин, бидејќи на крајот на краиштата тој почитува само сила – изјави Ширеф.

Поврзани содржини